Loading Events

мај 19, 2024

Најголемиот глобален хуманитарен мотоциклистички хапенинг “The Distinguished Gentleman’s Ride” во своето 9-то издание

Почитувани и уважени Госода и Дами

Деветото Скопско издание на популарниот The Distinguished Gentleman’s Ride кое ги обединува пасионираните заљубеници на класичните мотоцикли и модата во борбата против машките болести е на прагот. Детали околу глобалниот настан веќе не и се потребни на македонската и пред се Скопската јавност, бидејќи овој настан веќе секој добро го познава, особено кога на улиците на главниот град, на 19-ти Мај, ќе излезат околу 150 “дотерани” моторџии со своите класични блескави машинини. 

Блескавилото на прекрсните мотоцикли и шармот на “дотераните” моторџии и оваа година ќе бидат задолжителен фолклор на Скопската возење, со цел да се поттикне на свеста за борба против ракот на простата и машките самоубиства. 

И овојпат остануваме посветени на хуманитарната цел, заедно со сиот сјај кој го носи настанот.

Со оглед дека овогодинешниот настан “The Distinguished Gentleman’s Ride” ќе биде организиран во поголем облик, по завршување на парадното возење планирана е забава, која ќе биде организирана по ист терк како и самиот настан, префинет и џентлеменски, а покрај учесниците и нивните лични гости, ќе бидат поканети и видни личности од културата, спортот, науката, деловниот сектор, дипломати, медиуми и други.

Регистрацијата за учество на настанот е веќе отпочната и е достапна на следниот линк 

И.Стефановски

Детали

Датум:
мај 19, 2024
Категорија:

Organizer

Gentleman’s Crew

Место на одржување

Скопје
North Macedonia + Google Map

дали имате прашања?
не чекајте...

контакт

Бул. Јане Сандански
бр 36/1-29
1000 Скопје
Тел : 070 380 080
E-mail: dgrskopje@gmail.com

© 2022. Сите права се задржани.

социјални медиуми