Loading Events
  • Овој настан завршил

мај 21, 2023

Најголемиот глобален хуманитарен мотоциклистички хапенинг “The Distinguished Gentleman’s Ride” во своето 8-мо издание

Најголемиот глобален хуманитарен мото-хепенинг наречен The Distinguished Gentleman’s Ride оваа година го слави своето осмо Скопско издание. Да се биде дел од ова глобално хуманитарно движење е секако чест но и обврска. Пред 8 години, Скопје и официјално стана дел од ова движење, кое ги обединува пасионираните заљубеници на класичните мотоцикли и модата во борбата против машките болести. Детали околу глобалниот настан веќе не и се потребни на македонската и пред се Скопската јавност, бидејќи овој настан веќе секој добро го познава, особено кога на улиците на главниот град, на 21-ти Мај, ќе излезат околу 150 “дотерани” моторџии со своите класични блескави машинини. Сепак вреди да се спомене достигнувањето на глобално ниво, кое во изминативе години за борба против ракот на простата собра повеќе од 37.5 милиони Долари, а на кој настан зедоа учество над 340.000 учесници во повеќе од 121 држави во светот. Секако, и Макединија, односно Скопското издание има придонес во овие бројки од 2016-та.

Блескавилото на прекрсните мотоцикли и шармот на “дотераните” моторџии и оваа година ќе бидат задолжителен фолклор на Скопската парада, со цел да се оддржат добропознатите тематски постулати на овој настан – ширење на свеста кај машката популација и собирање на средства за борба против ракот на простата и машките самоубиства. И овојпат остануваме посветени на хуманитарната цел, заедно со сиот сјај кој го носи настанот.

Со оглед дека овогодинешниот настан “The Distinguished Gentleman’s Ride” ќе биде организиран во поголем облик, по завршување на парадното возење планирана е забава, која ќе биде организирана по ист терк како и самиот настан, префинет и џентлеменски, а покрај учесниците и нивните лични гости, ќе бидат поканети и видни личности од културата, спортот, науката, деловниот сектор, дипломати, медиуми и други.

И.Стефановски

Sponsors

Детали

Датум:
мај 21, 2023
Категорија:
Website:
https://www.gentlemansride.com/rides/macedonia/skopje

Organizer

Gentleman’s Crew

Место на одржување

Скопје
North Macedonia + Google Map

дали имате прашања?
не чекајте...

контакт

Бул. Јане Сандански
бр 36/1-29
1000 Скопје
Тел : 070 380 080
E-mail: dgrskopje@gmail.com

© 2022. Сите права се задржани.

социјални медиуми