Ноемвриското сонце го искористивме за учество и ко-организација на Македоснкото Класик Рели. Дводневното возење кое стартуваше во Скопје, преку Свети Николе, Штип и Радовиш доби свое “преноќиште” во Струмица, а неделниот сончев ден го искористивме за посета на Музејот на класични автомобили во Неготино. Попатна станица беше и Велешкото езеро, каде по ручек-паузата релито финишираше повторно во Скопје.